За нас

Ние сме етаблиран бренд со 75 отсто од читателите на работоспособна возраст

Страницата „Понуди за работа“ е дел од порталот „Независен“, кој  постои од ноември 2017 година и со него управува „Мост два“ ДОО,  компанија создадена од новинари. Порталот е претпознатлив и добро етаблиран бренд на медиумскиот пазар со голем и растечки број читатели, од кои најголем дел (дури 75 проценти) помлади и на работоспособна возраст. „Независен“ има силна репутација како професионален и политички независен медиум.

Ние произвeдуваме оригинална содржина и сме прв информативен портал со огласник за работни места, изработен според највисоките стандарди и со можност да се плаќа онлајн. Страницата „Понуди за работа“ функционира самостојно, но и како дел од „Независен“, така што вашите огласи и реклами ќе имаат двојна публика – и на порталот и на страницата за огласи. Нив ќе ги видат и тие што веќе имаат работа но сакаат да напредуваат во кариерата, а не се активни баратели на работа на специјализираните сајтови. .

Нашиот портал, без новата страница, веќе има над 30.000 читатели дневно  и над 900.000 прегледи месечно, како и 15.500 активни следбеници на Фејсбук.  Содржината на порталот вклучува  извештаи, анализи, мислења, галерии со слики, преноси во живо и  видео содржини.

На страницата „Понуди за работа“ нудиме можност за пакет услуги со големи попусти - објавување огласи за работа, плус рекламирање на компании со банери, обични или видео реклами, како и  промотивни текстови што може да ги напишат нашите новинари, вклучувајќи и промоција на социјалните мрежи и таргетирани мејлови со  објавените работни места.
cs_image_url