Што открива вашето работно биро за вашата личност?

0
rabotno biro

Еве што открива работната маса за личноста!

Психијатар од Националниот институт за ментално здравје во Велика Британија ги откри најчестите „типови“ на работните маси и што тие велат за нашата личност. Д-р Дебанџаб Банерџи вели дека постојат три основни типови на личности според тоа како изгледа нашето биро.

Уредни

Минималистички уредено, без хаос, ниту една хартија не е надвор од своето место. Луѓето кои изгледаат вака најдобро функционираат кога никој не им пречи, имаат развиено чувство за совест и должност.

“Тие се внимателни и не импулсивни, им се допаѓа што за се има план и структура. Сепак, поради тоа околината ги смета за неимагинативни и некреативни”, вели психијатарот.

Хаотичен

Сè е фрлено, хартии се насекаде, никако да не го најдете тоа што ви треба? Вие сте екстровертна личност, сакате да се дружите и веројатно сте најкреативни во целата канцеларија. Но, тоа не ви дава право да оставите хаос зад себе!

„Ваквите типови на луѓе понекогаш се помалку продуктивни бидејќи поминуваат многу време барајќи нешто што им е потребно за работа“, вели тој.

Како дома

Бирото е полно со ситници, фотографии, спомени, работи кои се многу лични? Канцеларијата ја правите мини верзија на вашиот дом, еве зошто.

„Ваквите луѓе се отворени, се чувствуваат сигурни и удобно во сопствената кожа, дури и на работа. Креативни се и секогаш се подготвени за нови идеи и искуства“, рече тој.

Ако не сакате вашите колеги да знаат дека можеби сте неуредни, да мислат дека сте помалку креативни од нив, постои решение – само средете го бирото.