Негувател

Пола работно време Хонорарно Цело работно време
  • Датум на оглас: 8 јануари, 2023
  • Аплицирај пред: 31 декември, 2024
Опис на работна позиција

Отворени работни позиции во станбени единици за живеење со 24 часовна поддршка на возрасни лица со попреченост
Позадина:

Проектот Добивање живот “- Деинституционализација на жителите на институцијата Специјален Завод – Демир Капија, се очекува да поддржи преселување на 45 лица со интелектуална попреченост од установата  во 9 независни станбени единици во  Вардарски регион. Со цел да се обезбеди поддршка на лицата со интелектуална попреченост што ќе живеат во независните станбени единици, ПИН и Центар за младински активизам Цма Крик ќе ангажираат персонал кој ќе обезбеди помош и поддршка.

За време на оваа фаза на проектот (која е една година), персоналот ќе има склучен договор со проектот и ке биде платен од истиот. Планот е по крајот на една година, персоналот што работи во станбените единици за живеење да биде пренесен во надлежностите на Министерството за труд и социјална политика.

 

Опис на работно место ( Негувател )

Негувател / асистент за независно живеење кој може да изврши помошно-професионална работа,  да дејствува ефикасно, ефективно и навремено и да ги решава проблемите и прашањата во врска со корисниците кои ги користат услугите.

Должности и одговорности (Негувател)

Работните задачи ги извршува негувателот во согласност со планот и програмата за работа на одделот за сместување, грижа и здравствена заштита на лица со тешка и најтешка интелектуална попреченост;

Врши дневна нега на полу-мобилни, неподвижни и мобилни корисници, поддржувајќи формирање, продлабочување и зајакнување на основните хигиенски и работни навики на корисниците (хигиена на кревет, лична хигиена, капење, бричење на корисникот, хигиена по физиолошка потреба , облекување, хранење на корисникот ако тој / таа не е независен итн.)

Обезбедување на функционирање на домаќинствато, што се заснова на индивидуална поддршка на корисникот, главно во овие активности:

–  Чистење на лични и заеднички простории, вклучително и употреба на производи за чистење;

–  Перење, простирање, пеглање алишта, складирање алишта;

–  Подготовка на топли и ладни јадења (вклучувајќи диети) и складирање храна;

​-  Употреба на апарати за домаќинство (микробранова печка, пегла, правосмукалка, итн.)

Се грижи за чување и одржување на инвентарот за кој е задолжен; за секојдневните активности, негувателот чува белешки и прави писмен прием во врска со сите забелешки на одделот, како и за вкупниот број на корисници и уредноста на корисниците;

Го зголемува надзорот на одреден корисник чие однесување го надминува вообичаеното и го надминува нивото на толеранција.

Го почитува кодексот на облекување и протоколот за однесување на вработените.

Поддршка во управувањето со личните финансии на клиентот.

Поддршка при личен шопинг, вклучително и употреба на јавни услуги (фризер, продавница, педикир, транспорт, итн.) И доколку е потребно обезбедување придружба за корисникот.

Поддршка во воспоставување и одржување на меѓучовечки и семејни односи.

Доколку е потребно, поддршка и придружба до медицинските амбуланти и соработка со лекари и медицински сестри. Информирање на координаторот за можни промени во терапијата со лекови на корисникот.

Учество во организирање културни и социјални акции, подготвување на корисниците за можни ситуации кои произлегуваат од тоа.

Информирање на корисниците за нивните права и поддршка во реализацијата.

Грижа за безбедноста и здравјето на корисниците, прва помош, повикување на брза помош. Информирање на надлежниот лекар при промена на однесувањето на корисниците

Следење на потребите на корисниците и водење на лична евиденција

Водење дневник за работа и посредување на корисник и советник за независно живеење (координатор) при давање на социјални услуги на корисникот

Води дневник за потребните активности во врска со обезбедувањеето грижа за корисниците во станбената единица.

Ја почитува волјата, желбите, приватноста и достоинството на секој корисник.

Обврска на тајност на податоците поврзани со корсиниците и работата на службата, што може да ги загрози основните интереси на работодавачот или вработените. Обврската продолжува и по престанокот на работниот однос.

 

Вид договор: Привремен договор со посебни услови

Локација: Станбените единици се наоѓаат во Скопје, во населбите Хром, Кисела Вода и Козле. Лицата кои ќе се ангажираат ќе работат во станбените единици заедно со корисниците.

Плата: 26 422 бруто плата. Постои можност за работен однос со договор за вработување и договор на дело, во зависност од потребите на вработените и организацијата.

 

Потребни квалификации:

  • да биде државјанин на Република Северна Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да се биде возрасен
  • да имаат општа здравствена способност за работата
  • со правосилна судска одлука да не е осуден на забрана за вршење професија, дејност или должност

Ниво на образование:

За негувател: Ниво Б3 минимално ниво на квалификации IV, 240 кредити според ECVET или MKSOO или четиригодишно средно образование

 

Како да се аплицира:

Мажите и жените се подеднакво охрабрени да аплицираат. Ве молиме, испратете CV на е-адресата: nikola.ivanovski@peopleinneed.net и employmentkrik@gmail.com

Насловот треба да ја наведува позицијата на работата и вашето име Пр. Негyвател Петар Петровски. Апликациите поднесени во други форми нема да бидат разгледани.

Само селектираните  кандидати ќе бидат контактирани. Сите кандидати се охрабруваат да аплицираат.