Во јубилејната година „Нелт“ со зголемени приходи и остварени нови партнерства

Нелт СТ, членка на регионалниот конгломерат Nelt Grupа, во 2023 година, кога одбележува јубилејни 25 години работа на македонскиот пазар, ќе оствари промет од над 60 милиони евра, притоа остварувајќи раст од 15 отсто во однос на претходната година
Компанијата Нелт СТ, членка на регионалниот конгломерат Nelt Grupа, во 2023 година, кога одбележува јубилејни 25 години работа на македонскиот пазар, ќе оствари промет од над 60 милиони евра, притоа остварувајќи раст од 15% во однос на претходната година. Новите партнерства во дистрибуцијата и логистиката, со вработување на 70 нови колеги, отвораат простор за понатамошен развој и раст на препознатливоста на компанијата на пазарот на Северна Македонија.
„Горди сме на нашиот јубилеј. Веќе 25 години постоиме на пазар полн со предизвици и сме лидери во иновации и дигитализација во делот на ланците на снабдување. Сепак, би рекол дека клучен е фокусот кон нашите вработени, кои денес ги имаме близу 300. Применуваме корпоративни вредности кои во фокусот ги ставаат луѓето и го докажуваме тоа со воведувањето на т.н. “work-life balance” пристап кој вклучува флексибилно работно време, работа од дома и приватно осигурување за одредени работни позиции“, изјави Сашко Блажевски, извршен директор на Nelt Grupа за пазарот на Северна Македонија.
Нелт СТ денес дистрибуира глобални лидери во FMCG индустријата, како што се: P&G, Mondelez, Jaffa, Banini, Jacobs, BIC, Dr Oetker, Duracell, Sebamed и Johnson & Johnson. Покрај гореспоменатите Jamnicа, Dijamant и Chips Way, Нелт СТ го снабдува пазарот со Neoplantа, Baby Food Factory (Nutrino), и националниот лидер во својата категорија – Mama’s.